Хроника 19. јуни 2020. / 22:36

Додека го спроведувале во државен карантин, кршел во автобусот

Додека го спроведувале во државен карантин, кршел во автобусот

Возач на автобус кој превезувал патници од Скопје во Охрид, во државен карантин, пријавил во полиција дека едно лице го искршил телевизорот во автобусот, информира МВР.

На 18.06.2020, С.Н. од Скопје, возач на автобус, пријавил дека А.А. од Скопје извршил кривично дело оштетување. Според пријавеното, додека С.Н. управувал автобус на релација Скопје-Охрид и превезувал лица во објект на државен карантин, на обиколницата на излез од Скопје, А.А. извршил оштетување на телевизорот во автобусот, наведува МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.