Хроника 08. февруари 2019. / 15:30

Директорот на основното во Демир Хисар го оштетил училишниот буџет

Директорот на основното во Демир Хисар го оштетил училишниот буџет

Директорот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар Горан Костовски ги злоупотребил училишниот буџет.

Тој се терети за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 08.02.2016 година пријавениот, како директор на основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата на РМ од 29.07.2013 година, склучил договор со фирма од Прилеп, за патролно обезбедување на основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар, со што нанел штета од 43.436 денари на Буџетот на училиштето.