Денешниот протест на тутунопроизводителите е последица на неодговорниот однос на институциите и потценувањето на земјоделскиот труд, вели поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски.
Во изминатиов период имаа доволно време да се справат со проблемите со неверојатно ниската просечната откупна цена, динамиката на откупот, спроведувањето на „строгата“ откупна линија, нерешавањето на проблемот со дополнителните количини произведен тутун, останати без договор со откупувачите, иако со Законот за тутун е предвиден откуп на зголеменото производство, толерирањето на откупувачите во уцените, притисоците и условувањата на тутунарите да ја прифатат откупната линија и откупната цена, во спротивно со закана дека за следната реколта со нив нема да се потпишат договори за откуп, односно одбивањето за повторна проценка пред Второстепената комисија и свесното одобрување на карактеристично картелско здружување на откупувачите со диктирање на проценката на тутун и висината на откупната цена.
Власта не го испочитува сопствениот збор даден пред тутунопроизводителите и наместо да се стави во нивна заштита таа со својот неодговорен однос застана на страната на откупувачките компании.
Власта не се потруди да спроведе кампања на организиран откуп на ориенталниот тутун иако според закон таа е обврзана за тоа.
Власта не помислува на Измени на Законот за тутун со цел забрана на увоз на ориентален тутун во Македонија, како директна заштита на домашното производство, како и во заштита на финансиските средства кои се вложуваат во земјоделството, односно тутунопроизводството.
Власта не го прифаќа зголемувањето на директната финансиска поддршка за килограм произведен и предаден ориентален тутун, како мерка за покривање на висината на производните трошоци и нивно изедначување со висината на откупната цена, во услови на пазарни пореметувања за што е обврзана согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Власта не се корегира и наместо Здржението на земјоделци како социјално економски партнер да соработува со Здружението на тутунопроизводителите како единствана форма на здружување која ќе стои пред тутунопроизводителите.
Власта не одговори за потребата за редефинирање на мострите, како услов за олеснување на линијата на проценка на тутунот.
Власта не се потруди да ги организира инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство да бидат присутни на секоја вага и на секое откупно место низ Македонија, со единствена цел и тие да учествуваат во заштитата на интересите на тутунопроизводителите.
Власта не направи ништо и затоа токму таа е најголемиот виновник за состојбата во која се наоѓа откупот на ориенталниот тутун од реколтатат 2020 – 2021 година.
Затоа тутунопроизводителите на протестот пред Владата гласно извикуваат „За нас нула, за Макпетрол 33 милиони“!Затоа со тутунарите во солидарност протестираат и лозарите, гневни на ниските откупни цени!
Затоа тутунопроизводителите говорат дека „се зема квалитетен тутун и се проценува во пониски класи. Одбитоците се 10 проценти“, Затоа реагираат тутунарите и на динамиката на откупот, кој годинава е за три пати помал од лани.
Затоа тутунопроизводителите „имаат порака до претставниците на нашата власт дека тие немаме скапи превозни средства за да се шетаат низ планини. Затоа тие се дојдени со трактори од 3 илјади евра на протестот.Затоа од земјоделската мака, човечкото понижување и грабежот кој им се прави тие велат дека „Голи, боси, гладни, последните пари ги одвоивме за да дојдеме до Скопје, нас местото не ни е тука, нас ни е местото на откупните пунктови, но таму за нас место нема. Решивте да направите колеж на тутунарите. Тутунот за 100 денари не го даваме“!, напиша Димовски
Денешниот протест на тутунопроизводителите е последица на неодговорниот однос на институциите и потценувањето на…
Posted by Ljupco Dimovski on Monday, January 4, 2021