Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 30-годишната Т.И. од село Горно Татеши, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
На 17.09.2018 година на социјалните мрежи „Facebook” и „Instagram”, пријавената креирала лажни профили на име на 36-годишниот С.З. од тетовско село, со кого претходно била во љубовна врска, по што на нив објавувала компромитирачки фотографии.