Хроника 06. ноември 2018. / 09:17

Девојчето по кое се трагаше пронајдено мртво во Вардар

Девојчето по кое се трагаше пронајдено мртво во Вардар

Околу 22 часот, од водите на Вардар во гостиварски Балиндол било извлечено телото на седумнаестгодишното девојче, за кое претходно беше пријавено дека паднало во водите бегајќи од кучиња скитници – објави „Гостивар прес“.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде беше организрано пребарување на коритото на Вардар.

Идентитетот на девојчето се уште се утврдува, неофицијално тоа имало 17 години.