Хроника 12. јуни 2019. / 19:37

Девојче се удави во базен во Битола

Девојче се удави во базен во Битола

Девојче на возраст од 14 години се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола, кој во моментов не е отворен за посетители.

Од болницата во Битола велат дека девојчето е донесено на ургентното одделение без никакви знаци на живот по падот во базенот.

Но, упорноста на екипата од ургентно и извршената реанимација биле неуспешни, вели портпаролот на болницата, Сузана Конеска и додава дека случајот понатаму го презема МВР и Обвинителството.

Базенот е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“, но моментално е издаден под концесија на 15 години. Од „Стрежево“ кога слушнале за немилиот настан веднаш се упатиле кон базенот.