Хроника 05. ноември 2018. / 22:04

Девојче падна во Вардар бегајќи од кучиња

Девојче падна во Вардар бегајќи од кучиња

Гостиварската полиција и Дирекцијата за спасување веќе три часа трагаат по девојче кое  паднало во водите на реката Вардар во близината на болницата во Гостивар, откако ја нападнала глутница кучиња, пишува Гостивар прес.

Полицијата постапила по дојава на граѓани кои пријавиле дека околу 19:15 часот девојчето паднало во реката.

Од полицијата за Алфа потврдуваат дека потрагата по девојчето се уште трае. Во акцијата се вклучени и граѓани, а и ХЕЦ Маврово го намалил нивото на вода во реката.