Малолетно девојче вчера беше нападнато од непозната жена, додека си играло во паркот во Козле.
Синоќа околу 20 часот во СВР Скопје, Т.С. (34) пријавила дека истиот ден околу 13 часот на улица „Јуриј Гагарин”, населба Козле, во парк на детско игралиште, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од женско лице.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.