Деветмина мигранти од различни земји биле пронајдени на паркиралиште на магистралниот пат Гевгелија – Демир Капија. Како што пренесуваат од МВР, тие биле затекнати во патничко возило.
На 07.06.2020 околу 08.00 часот од полициски службеници, на паркинг од угостителски објект на магистрален пат Гевгелија – Демир Капија, во патничко возило „фолксваген пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти од Пакистан, Бангладеш и Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Валандово.