Детската Клиника се огласи по веста за смртта на двегодишното детенце.
Тие кажаа дека во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2.5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција.
Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано 1 недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите превземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина.