Тригодишно дете е во критична состојба откако се сруши балкон вчера во скопската населба Даме Груев во Ѓорче Петров.
Детето кое седело на терасата со своето братче и сестриче на возраст од шест и две години, како и својот татко, се здобило со тешки повреди на мозокот откако терасата без ограда во еден момент се срушила, пренесе Слободен Печат.
Тригодишно дете е во критичина здравствена состојба, поради сериозни повреди на мозокот. Тоа е на болничко лекување во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ.
Детето има сериозни оштетувања на мозокот, се бориме да преживее, велат од КАРИЛ за Слободен печат.