Во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, 45-годишниот Г.М. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ две непознати лица извршиле разбојништво во обид врз неговиот 10-годишен син.
Додека детето се движело лицата му се доближиле и му се заканиле да ја соблече маицата, по што еден од нив извадил нож.
10-годишникот се исплашил и почнал да бара помош, а лицата побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.