Хроника 04. јули 2018. / 10:50

Дете тешко повредено кај езерото Треска: Го удрил со автомобилот и избегал

Дете тешко повредено кај езерото Треска: Го удрил со автомобилот и избегал

Вчера во 15.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.В. пријавила дека на паркингот пред езеро Треска, непознато патничко возило удрило во шестгодишно дете од Скопје и го напуштило местото.

Со друго возило детето било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.