Хроника 23. септември 2019. / 11:14

Дете тешко повредено додека возело велоспиед во Гостивар

Дете тешко повредено додека возело велоспиед во Гостивар

Малолетник на возраст од 11 години со тешки телесни повреди е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар откако во него удрил автомобил.

На 22.09.2019 во 15.20 часот на крстосница од регионалниот пат Гостивар-с.Градец и локалниот пат за с.Пожаране се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.Р.(51) од с.Врапчиште и велосипед управуван од 11-годишен малолетник од с.Топлица.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.