Десет годишно момче од Скопје кое возело велосипед се здобило со тешки повреди откако во него удрил автомобил.
Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера околу 13 часот на ул. „Александар Урдаревски“, кога В.В. (32) од скопско Мирковци со возило „Мицубиши” удрил во 10-годишното момче.
-При ударот детето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.