Хроника 13. септември 2020. / 15:47

Деветгодишно дете паднало во Вардар, полицијата интервенирала и го извлекла

Деветгодишно дете паднало во Вардар, полицијата интервенирала и го извлекла

Деветгодишното дете денеска паднало во реката Вардар помеѓу Камени Мост и мостот „Око“.

Случајот бил пријавен околу 14 часот.

Како што соопшти МВР, веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица – Центар и од Интервентната полиција по што детето било извлечено и спасено.