Хроника 19. јануари 2019. / 12:07

Детали за тешката сообраќајка што се случи синоќа во Скопје

Детали за тешката сообраќајка што се случи синоќа во Скопје

Вчера околу 21 часот и 45 минути на крстосницата од улиците „Борис Трајковски“ и „Трајко Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46- годишниот Д.П од Скопје и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 71- годишниот М.Дод Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Д. и Н.Д.(67) од Скопје, сопатничката во возилото „Фиат Добло“.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Возачот Д.П. и В.П.(42) од Скопје, сопатничка во возилото „Фолксваген Пасат“, се здобиле со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.