Пет лица од Скопје учествувале во тепачката која вчера се случи во локалот „Трибека“ на булеварот „Илинденска“.
Според сведочењата на гостите, пред да почнат да се маваат со столици и маси, лицата кои си размениле боксови, седеле заедно во локалот. По извесно време, наеднаш започнала драмата и настанал хаос. Полицијата постапувала по пријава, а уапсени биле сите лица, објави А1ОН.
Скопјанецот кој го кршел инвентарот, потоа нападнал и две девојки на возраст од 18 и 19 години. На едната од нив и го искршил и мобилниот телефон.
Целиот текст на: А1ОН.