Хроника

Детали за страшната сообраќајка во Австрија каде македонски автобус се судри со камион

Детали за страшната сообраќајка во Австрија каде македонски автобус се судри со камион

Тешка сообраќајка се случи утринава во 6 часот во Австрија на автопатот Линц. Во сообраќајката учествувале македонски автобус и товарен камион. Во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и 6 лица се полесно повредени, дознава Пресс24 .

Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Засега е потврден само бројот на повредените, но не и деталите како дошло до несреќата и која компанија ги превезувала патниците.

Целосен извештај за собраќајката ќе биде даден по завршувањето на увидот.