Хроника 13. февруари 2019. / 18:54

Детали за страшната несреќа – еве колку патници завршија на Ургентен

Детали за страшната несреќа – еве колку патници завршија на Ургентен

По тешката собраќајка несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарце се упатени осум возила на Брзата помош од Скопје.

Екипи на Брза помош на местото пристигнаа и од Тетово, Гостивар и Куманово.

Од Здравствен дом -Скопје велат дека седум патници се повредени во несреќата и со амбулантни возила се однесени во Ургентниот центар. Од Ургентниот центар засега не потврдуваат дали има жртви.

Инаку извлекувањето на патниците е сеуште во тек и може да го проследите ТУКА.