Четири лица од кои едно потешко, се повредени во вчерашната несреќа која околу 16:50 часот се случи на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, поточно на влез во село Марена.
Од полицијата денес информираат дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.К.(60) од село Марена, кавадаречко и трактор марка „ИМТ“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од Б.В.(60) од Кавадарци.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот Д.А.(53) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот А.Д.(69) од Кавадарци и возачот на патничкиот автомобил, кои по укажаната медицинска помош се задржани на понатамошно лекување во Општа болница Кавадарци, информираат од МВР.
Извршен е увид на местото на настанот.