Хроника 23. мај 2018. / 10:56

Детали за пожарот во зграда на плоштад „Македонија“

Детали за пожарот во зграда на плоштад „Македонија“

Министерството за внатрешни работи денес соопшти информации за пожарот кој вчера вечерта настана во стан во зграда лоцирана на плоштадот Македонија во Скопје.

-Во 20.05 часот во Скопје на улица „Македонија“ во стан сопственост на Д.А.(91), настанал пожар, во кој е зафатена спалната соба и причинета е само материјална штета, додека повредени лица нема. Во 22.30 часот пожарот е целосно изгаснат од Противпожарна екипа, информираат од МВР.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.