Вчера во 21:00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека околу 20:20 часот во Трговскиот центар Антико избувнал пожар.
Од страна на екипа на протвипожарна бригада пожарот бил локализиран, а опожарена била една просторија во подрумот на трговскиот центар. Се работи на целосно расчистување на настанот.
Нема ниту потврда ниту демант на соменвањата од граѓаните дека пожарот е подметнат.