Хроника 10. септември 2019. / 09:08

Детали за пожарот во Бутел: Пожарникарите се бореа со огнената стихија до утринските часови

Детали за пожарот во Бутел: Пожарникарите се бореа со огнената стихија до утринските часови

Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре во пожар.

Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема.

Од Територијална противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот избувнал во 20 часот и 30 минути во куќа на ул. „Марко Крале“. Интеренирано е со четири возила и 11 пожарникари. Пожарот е изгаснат во утринските часови.

Изгорена е целата куќа, а материјалната штета е голема.