Хроника 12. јули 2020. / 12:02

Детали за несреќата во која се удави 28-годишен скопјанец на езерото „Младост“

Детали за несреќата во која се удави 28-годишен скопјанец на езерото „Младост“

На 11.07.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Велес, во водите на езерото „Младост“, М.С.(28) од Скопје влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил.

Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба  на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Несреќата се случила кога момчето, заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.

Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.

Телото го пронашле пожарникарите околу 17 часот, а докторите од велешката брза помош ја констатирале смртта.