Хроника 09. март 2020. / 10:47

Десетгодишно девојче се удави во Мала Река

Десетгодишно девојче се удави во Мала Река

Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица, која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала Река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот „Фејсбук„ – профил.

Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.

Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во нас. Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството, напиша Стојановски на „Фејсбук“.