Хроника

Денеска на распит двајца од осомничените за нападот врз Саздо

Денеска на распит двајца од осомничените за нападот врз Саздо

Притворените напаѓачи на Никола Саздовски денеска за првпат од притвор беа спроведени на распит во Обвинителство.

Б.Б. (20) и С.Д. (21) денеска беа доведени на распит во скопското обвинителство по претепувањето на навивачот Никола Саздовски во Автокоманда што резултираше со коматозна состојба и смрт по десет дена.

Двајцата се уште се обвинети за насилство со тешки телесни повреди врз Никола Саздовски, кој подоцна почина од повредите, но истрагата е на почеток. Денеска првпат доаѓаат во Обвинителството и пред обвинител се запознаваат со доказите во момент кога обдукцијата уште не е завршена.

Двајцата осомничени беа спроведени од затворот Шутка, каде се со мерки притвор.

Никола Саздовски (21) од општина Кисела Вода беше претепан до смрт на 29 јуни околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар Александар Македонски во Автокоманда.