Хроника 25. октомври 2020. / 10:07

Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам

Денеска ќе биде погребан Амди Бајрам

Општината Шуто Оризари денешниот ден ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам. Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом ќе тргне погребната поворка.

По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот.