Хроника 19. January 2019. / 12:22

Делчевчанец фалсификувал документи за да добие кредит

Делчевчанец фалсификувал документи за да добие кредит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.С.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа”, „употреба на исправа со невистинита содржина” и „измама при добивање кредит или друга погодност

Во јуни 2016 година пријавената изготвила фалсификуван купопродажен договор за патничко возило „Мерцедес“ наведувајќи дека во 2015 година возилото било купено од Република Италија од лице од Делчево, како повратник од странство, иако таа го купила возилото од правно лице од Република Бугарија.

Ваквиот договор пријавената го употребила како вистински пред Бирото за метеорологија-Скопје и со поволни услови го регистрирала во Република Македонија.