Хроника 18. септември 2018. / 10:13

Дедо, баба и внуче прегазени во Скопје

Дедо, баба и внуче прегазени во Скопје

Дедо, баба и тригодишно дете се повредени синоќа на пешаки премин на булеварот Србија во населбата Аеродром во Скопје.

Во нив удрило комбе со велешки таблички, информираат жителите на оваа скопската населба на социјалните мрежи.

Бабата и детето веднаш биле пренесени во Ургентниот центар.

Официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денот.