МВР денеска соопшти дека вчера во 14.00 часот во автоперална на ул.„Мирче Ацев“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Б и О.З., бидејќи при асистенција за отстранување на бесправно изграден објект ги попречувале полициски службеници во извршување на работни задачи.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.