Бранителот на Миле Јанакиески, Димитар Дангов, во својот завршен збор се задржа на неколку моменти кои би можеле да влијаат на одлуката на судот.
Томислав Лазаров, според Дангов според новото обвинение би требало да биде ослободен, а не да признае вина.
– Не може врз основа на исказ на лице кое е осудено да се темели судска одлука без постоење на други материјални докази, објаснува бранителот.
Дангов објасни и за вештачењето на вештакот од Србија на кого му биле дадени копии од разговорот меѓу Јанакиески и Груевски, а при тоа немал ни лиценца за вршење на оваа дејност во Македонија.
-Ако нема оригинална снимка како доказ тоа е проблем на обвинителството, а не на одбраната. Копија е копија но тоа не е доказ за судот, потсети Дангов.