Судска медицина ќе испитува дали бебето кое беше пронајдено мртво во јама било фрлено живо или починато.
Мајката на ова бебе е 18-годишна девојка од Струмица, а истото беше пронајдено мртво во јама. Причината за смртта е непозната.
Уште траат анализите кои ќе ја утврдат причината за смртта на бебето. Но секако, обдукцијата ќе може да утврди дали тоа било живо родено, има ли повреди, како и колку живеело по раѓањето, доколку било живо родено, изјави директорот на Институтот, д-р Александар Станков за Плусинфо.