Хроника 07. април 2019. / 09:45

Дац по смртта на Билјана Беличанец: Беличанец беше мојот Петар Пан

Дац по смртта на Билјана Беличанец: Беличанец беше мојот Петар Пан

Прераната смрт на актерката Билјана Беличанец, која беше пронајдена обесена во својот стан во Скопје ја шокираше актерската фела и воопшто Македонија.

Покрај актерка, Беличанец во 2013-та година заплови и во политичките води кога стана градоначалник на општина Кисела Вода, функција која ја извршуваше до пред две години.

Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…, напиша Дац на својот ФБ профил.