Хроника 23. април 2020. / 09:27

Чулев: 66 лица го прекршиле полицискиот час

Чулев: 66 лица го прекршиле полицискиот час

Граѓаните се свесни за сопствената заштита и од тие причини неопходно е намалување на ограничувањето на движењето, порача преку својот фејсбук министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, воедно заблагодарувајчи им се на сите граѓани кои ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

Министерот информираше дека во изминатото деноноќие, на ниво на цела држава,  66 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Дополнително информира дека на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Во државен карантин се спроведени 20 лица.