Од водите на реката Вардар во Скопје, кај Камениот мост, вчеравечер бил извлечен труп. Засега не е познат идентитетот на жртвата.
Според информациите од Противпожарната служба, вчера од 23:20 до 23:55 траела акцијата за извлекување на трупот од Вардар, под Камениот мост. Пожарната интервенирала со две возила и шест пожарникари.