Хроника 27. јануари 2021. / 09:47

Членовите на „Јавна соба“ ја бараат девојката која ја пријавила групата

Членовите на „Јавна соба“ ја бараат девојката која ја пријавила групата

Членовите на групата „Јавна соба“ на Телеграм ја бараат девојката која во полиција пријавила дека таму се објавуваат фотографии и лични податоци од девојки од Македонија.

Групата сѐ уште е активна и во овој момент брои над 6.100 членови кои разменуваат експлицитни фотографии. Откако вчера Сител објави дека групата повторно е активирана членови на групата објавуваа фотографии од можни девојки кои ја пријавиле групата.

Во меѓувреме, расте револтот на социјалните мрежи. Граѓани бараат полицијата да се активира и да ја блокира групата, но се бара и одговорност за креаторот и за членовите кои споделуваат лични податоци од девојки.

После денешниот прилог за групата Јавна соба членовите во истата ја коментираа и ја бараат девојката која поднела…

Posted by Лила Милиќ on Tuesday, January 26, 2021