Хроника 07. септември 2018. / 14:55

Четворица повредени во тешка сообраќајка во тетовско

Четворица повредени во тешка сообраќајка во тетовско

Вчера околу 22.15 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок, во с.Камењане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ со тетовски таблици, управувано од Џ.Џ.(19) од с. Боговиње, тетовско и возило „ауди“, управувано од И.Г.(35) од тетовско Ново Село.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „голфот“ Ф.М.(20) од Боговиње. По укажаната помош во тетовската клиничка болница, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле здобиле тројца сопатници од возилото „ауди“. По укажаната помош, двајца биле пуштени на домашно лекување, а Ш.Г.(55 ) бил задржан во болницата на понатамошно лекување.