Полицијата предмалку уапсила четворица мигранти, на излезот од автопатот е-75 кон Градско, дознава ,,Лидер” од полициски извори.
Како што дознаваме станува збор за лица од Блискиот исток кој Македонија ја користат како рута. Во изминатиот поериод во неколку наврати се случувало истото, но од засега нејасни причини полицијата не ги заведува во официјалниот билтен на МВР достапен за медиумите.
Непознато е дали денес уапсените мигранти, биле донесени од посредник или самите патувале низ Македонија. Во моментов нив ги чуваат само двајца полицајци облечени во жолти елици.