Хроника 11. август 2019. / 22:38

Четворица дебрани синоќа физички се пресметувале и завршиле во болница

Четворица дебрани синоќа физички се пресметувале и завршиле во болница

Четворица дебрани синоќа физички се пресметувале при што двајца се здобиле со фрактури и биле  пренесени во здравствените установи во Дебар, а потоа во Охрид.

По добиената прва медицинска помош во Општата болница во Дебар поради фрактури, двајца од нив биле транспортирани во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” во Охрид.

На улицата „1 мај” во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.А. и едно засега непознато лице од една и Ф.В.(53) и А.В. (26) од друга страна, сите од Дебар. По дадената прва медицинска помош во болницата во Дебар, за понатамошно лекување двајца од нив се префрлени на понатамошен третман во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

Според него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.