Хроника

Четири лица повредени во сообраќајка кај Собрание

Четири лица повредени во сообраќајка кај Собрание

Сообраќајна несреќа се случила околу 13:30 часот на крстосницата кај Собрание, потврдуваат од МВР за Курир.

Според информациите во несреќата учествувале автомобили „Рено“ и „Голф“ во кој повредени се две лица. Уште две лица се здобиле со повреди, патници во автобус на ЈСП, откако автобусот се обидел да ги избегне судрените возила.

Сите четири повредени лица се пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“, но засега нема детали за карактерот на повредите.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.