Хроника 25. јули 2020. / 13:32

Целосно изгоре автомобил во струмичко Банско

Целосно изгоре автомобил во струмичко Банско

Претпладнево околу 10 часот изгоре автомопбил марка „опел“ во селото Банско, кај Струмица, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Пожарот бил во поодмината фаза и заради лесно запаливите материјали лесно можел да се прошири, но со брза интервенција на пожарникарите пожарот е изгаснат.

Во гаснењето на автомобилот учествувале четворица пожарникари и едно противпожарно возило.