Хроника 23. октомври 2019. / 20:01

Целосно изгоре автобус на ЈСП, за среќа нема повредени

Целосно изгоре автобус на ЈСП, за среќа нема повредени
фото: курир.мк

Во полициското одделение Арачиново, Р.Б. (33) од Скопје пријавил дека додека управувал автобус „ЛАЗ“, сопственост на ЈСП со бр.55-В, на релација Скопје – Арачиново – Грушино, во кој имало патници, настанал пожар во делот кај моторот.

Патниците безбедно се симнале од автобусот, била повикана екипа од Бригадата за противпожарна заштита, која го локализирала пожарот, а автобусот бил целосно опожарен.