Хроника 25. август 2020. / 12:10

Бугарски државјанин уапсен за криумчарење на 2 000 кутии цигари

Бугарски државјанин уапсен за криумчарење на 2 000 кутии цигари

При преглед на товарно возило управувано од бугарски државјанин во близина на струмичкото село Сушица вчера полицијата откри и одзеде 2 000 кутии цигари.

Бугарскиот државјанин Г.С.К. (45) вчера околу 20:00 часот е приведен во полициска станица Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

На магистралниот пат во близина на село Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2 000 кутии цигари. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.