Хроника 06. февруари 2020. / 12:31

Брзакова која е исчезната веќе 19 дена, имала семејни проблеми додека живеела во Швајцарија

Брзакова која е исчезната веќе 19 дена, имала семејни проблеми додека живеела во Швајцарија

Младата Марија Брзакова која е исчезната веќе 19 дена, имала семејни проблеми додека живеела во Швајцарија, каде што повеќе години работела во Пензионерски дом, и од каде се вратила во Македонија во септември минатата година, говори анонимно за Фактор преку допис по електронска пошта нејзина долгогодишна колешка и пријателка, пишува Фактор.

Откако Фактор пишуваше за случајот на младата Марија, до нашата редакција стигна мејл од нејзина пријателка, со која заедно работеле седум години во Швајцарија, во еден Пензионерски дом во таа држава.

Станува збор за мејл испратен од анонимна адреса. Пријателката на Марија, како што се претставува, а која се уште работи во Пензионерскиот дом, вели дека ова е од причина што таа „се плаши од одмазда од одредени кругови, но и стравува за својата работа“.

Фактор, заради големиот интерес на јавноста за овој случај, реши да го објави дописот и приказната во него, сепак, со доза на резерва дали станува збор за вистинити тврдења.

Пријателката на Марија во дописот раскажува дека младата жена имала семејни проблеми уште пред септември минатата година, кога со својот сопруг се вратиле да живеат во Македонија.

Како што наведува колешкта, таа дури случајот го испратила во еден швајцарски весник, точно на 10 септември лани, но како што вели, тие за жал, за него не покажале интерес. Истиот тој весник во изминатите две недели имал објавено неколку приказни за случаи на угнетување на младите жени од Балканот. „Овие написи ме загрижија, од причина што доживував таква неверојатна приказна токму во мојата близина“, стои во дописот.

Целиот текст на Фактор можете да го прочитате ТУКА.