Хроника 19. септември 2018. / 15:31

Брза помош во Кривичен, му се слоши на Мунир Пепиќ

Брза помош во Кривичен, му се слоши на Мунир Пепиќ

Пред сослушувањето на третиот сведок Курто Дудуш, судењето за настаните на 27 април минатата година во Собрание на РМ е прекинато, бидејќи му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ. Судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час, а интервенираше и итна медицинска помош.

Претходно сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ. Тој на прашање на обвинителката Вилма Русковска рече дека на 27 април бил во галеријата на прес-салата во Собранието. Таму влегол меѓу последните и кога привршувале говорите на Зоран Заев и Талат Џафери видел дека влегуваат луѓе во Парламентот.