Тепачка избувнала меѓу двајца соседи во Скопје. Имено како што информира полицијата, вчера во 22:10 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„8“ во населба Дрма бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 37-годишниот Д.М. од Скопје и неговиот сосед 58-годишниот Х.П.. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Брутална тепачка меѓу двајца соседи во Скопје
