Хроника 14. мај 2018. / 17:18

Бремена жена заврши во болница откако соседот ја нападнал во гостиварско

Бремена жена заврши во болница откако соседот ја нападнал во гостиварско

38-годишната М.И. од селото Сенокосе, вчера пријавила дека околу 17:30 часот физички била нападната од 69-годинишен маж М.И. од истото село.

На улицата пред нивните куќи се расправале малолетни лица, а жената која била бремена излегла за да види што се случува. Тогаш соседот без повод и причина се доближил до неа и физички ја нападнал удирајќи и две шлаканици.

Таа била во поодмината бременост и многу се вознемирила, па со медицинско возило била пренесена во гостиварската биолница „Ферид Мурат“ каде вила укажана лекарска помош.

Пријавениот е повикан во полиција, писмено е предупреден и против него ќе следува соодветен поднесок.