Хроника 04. октомври 2019. / 17:13

Bo денешната вооружената престрелка во Скопје, повредено е 27-годишно момче

Bo денешната вооружената престрелка во Скопје, повредено е 27-годишно момче

Повредениот во престрелката е 27 годишно момче кое попладнево околу 15 и 30 часот е примено во болницата за хирушки интервенции Св. Наум Охридски.

Како што дознава Сител, момчето било пренесено со црн автомобил марка Голф до болницата, откако го оставил ранетиот ја напуштил болницата.

Според информациите на болницата момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот и моментално е хоспитализиран на одделот на интензивна нега и се прават сите неопходни испитувања по што дежурниот лекарски тим ќе одлучи за понатамошниот третман на пациентот. За потсетување, вооружена престрелка случи попладнево на улица Ордан Чопела во Скопје.