Хроника 11. септември 2019. / 12:35

Битолчанка фатена со хероин во Гостивар

Битолчанка фатена со хероин во Гостивар

Девојка од Битола рано изутринава е приведена откако при претрес, во просторијата кадешто престојувала е пронајдено хероин.

На 11.09.2019 околу 01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле С.В.(28) од Битола.

При претрес извршен со судска наредбa на ул.„Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.